Младеновски на чекор до Унион Олимпија

Љумобир Младеновски реши да си замине од МЗТ Скопје во обид да обезбеди трансфер во странство, а центарот на македонската репрезентација е многу близу до преселба во Словенија, и тоа во редовите на Унион Олимпија.

Овој словенечки клуб го екипира ростерот за следната сезона, при што имал успешни преговори со Младеновски и начелно ги договорил речиси сите детали од трансферот. Останува во следните денови да се договорат уште неколку детали, за македонскиот центар и дефинитивно да потпише договор и да се пресели во Љубљана, по завршувањето на претквалификациите за СП 2019 со нашиот национален тим.

Младеновски беше дел од младинската школа на Работнички, по што следеше трансфер во лутиот ривал МЗТ Скопје. Тој работеше под водство на бројни тренери во аеродромскиот клуб, но не се наметна за посериозна минутажа кај ниту еден. Токму поради тоа Младеновски реши да си замине од МЗТ и среќата да ја побара во странство, по се изгледа во дресот на Унион Олимпија.

Се вчитува...