Младеновски со Илирија во победничка низа – падна и „фенерџијата“

Екипата на Илирија, во чии редови со успех настапува и Љубомир Младеновски, влезе во триумфална серија во словенечкиот шампионат откако вечерва славеше над Лашко со убедливи 88-70, за трета победа во низа.

Младеновски и соиграчите за ривал го имаа „фенерџијата“ на табелата, па мотивирани по победите над Крка и Ползела одиграа одлично, домирајќи целосно три четвртини и создавајќи си недостижна предност во однос на најслабиот тим во лигата.

Македонскиот центар, кој пред извесно време мораше да паузира поради повреда, повторно имаше ограничена минутажа, но добро се снајде. Имено, Младеновски мина на теренот 11 минути, период во кој реализираше девет поени и три скока.

Се подобрата форма на Младеновски е добра вест и за селекторот Давитков, кој сериозно смета на овој кошаркар за продолжението од претквалификациите за ЕП 2021.

Се вчитува...