Младинките четврти на турнирот во Будимпешта (фотогалерија)

Арената „Ласло Пап“ во Будимпешта, каде попладнево ќе се играат завршните натпревари на Ф4 турнирот од Лигата на шампионите, утрово беше местото каде се одржаа последните средби од турнирот за ракометните селекции до 19 години чиј дел беше и Македонија.

Нашите ракометни надежи го освоија четвртото место откако по полуфиналниот пораз од Унгарија, утрово загубија и од Црна Гора со убедливи 37-23. Мечот беше решен уште во првото полувреме што Црногорките го добија со 18-11, по што избраничките на селекторот Марковски не собраа сили за камбек, губејќи го мечот со убедливи 14 гола разлика.

Леонида Гичевска со десет погодоци беше најефикасна во нашите редови, пред Велкова и Иванова со по три постигнати гола.

[new_royalslider id=”630″]

Се вчитува...