Младинките на ЕП во група со Норвешка, Русија и со Хрватска

Женската младинска ракометна репрезентација на Македонија на ЕП (У19) во Словенија ќе игра во групата Б  заедно со селекциите на Норвешка, Русија и на Хрватска. Четирите групи за првата фаза на ЕП беа одредени денеска со ждрепка во Париз.

Првите две селекции од секоја група обезбедуваат пласман во главната фаза во која се формираат две нови групи. Во оваа фаза, двете селекции од нашата група Б ќе вкрстат со првите две селекции од групата А во која се Холандија, Романија, Унгарија и Шведска.

Европското младинско првенство за ракометарки (У19) ќе се одржи од 27 јули до 6 август во Целје

ЕП (У19) групи:

Група А: Холандија, Романија, Унгарија, Шведска

Група Б: Русија, Хрватска, Норвешка, Македонија

Група Ц: Шпанија, Франција, Германија, Србија

Група Д: Данска, Словенија, Португалија, Црна Гора

Се вчитува...