Младинките отпатуваа на квалификациите во Франција (ФОТОГАЛЕРИЈА) - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Фудбал
26/05/2017 16:51
Ракомет
25/05/2017 21:10
Коментари
25/05/2017 18:53
Фудбал
25/05/2017 14:47

Младинките отпатуваа на квалификациите во Франција (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Младинките отпатуваа на квалификациите во Франција (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Женската младинска репрезентација на Македонија денеска отпатува за Франција каде од 18 до 20 март ќе настапи на квалификацискиот турнир за пласман на Светското првенство (У20) во Русија. Македонија е во петата квалификациска група заедно со домаќинот Франција, Израел и со Словенија. Пласман на СП 2016 обезбедува само првопласираната репрезентација во групата.

Во составот на македонската репрезентација на овој квалификациски турнир ќе ги нема повредената Ангела Тодоровска, Сара Цаневска и Елена Петковска.

Се надевам дека ќе одиграме максимално ангажирано во сите три натпревари на овој квалификациски турнир. Фокусот сигурно најмногу ќе биде на дуелот со селекцијата на Франција. Одреден хендикеп за нас ќе биде отсуството на Ангела Тодоровска бидејќи на таа задна бековска позиција немаме многу алтернативи, но ќе се обидеме да го надополниме тоа со тимска игра“ – изјави селекторот Симе Симовски

Поголем дел од младинските репрезентативки минатата недела настапија и во составот на сениорската репрезентација во квалификацискиот двомеч со Словенија.

„Тоа секако беше драгоцено искуство за нас. Ќе се обидеме и во овие младински квалификации да одиграме добро. За мене нема фаворит во групата, сакам како фаворит да ја гледам само нашата репрезентација“ – вели Теодора Керамичиева.

Голманката Матеја Серафимовска имаше забележителен настап на вториот меч со Словенија и се надева дека ќе го задржи тој континуитет и на квалификациите во Франција.

„Јас искрено се надвеам дека ќе продолжи тој континуитет, дека ќе одиграме солидни натпревари, ќе дадеме се од себе за да направиме што подобар резултат. За разлика од настапите со сениорската репрезентација, во овие младински квалификации сите сме на иста возраст, нема некое изразито отскокнување. Мислам дека сите сме на исто ниво и ни претстојат тешки и неизвесни натпревари“ – истакнува Серафимовска.

Во првиот натпревар утре, Македонија ќе игра против селекцијата на Израел. На 19 март е дуелот со Словенија, а во последниот натпревар на 20 март Македонија ќе игра против Франција.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.