ФОТОГАЛЕРИЈА: „Беко“ застана зад младинската школа на МЗТ Скопје - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Фудбал
23/03/2017 11:08
Фудбал
22/03/2017 14:02
Фудбал
22/03/2017 13:04
Фудбал
22/03/2017 11:21

ФОТОГАЛЕРИЈА: „Беко“ застана зад младинската школа на МЗТ Скопје

Беко стана главен спонзор на една од најомилените младински кошаркарски школи во Македонија – МЗТ Скопје и реши да биде нивни постојан поддржувач на патот кон успехот верувајќи во паметните генерации и во моќта на спортот да направи разлика.

Големата страст на БЕКО за спортот доаѓа од вербата во ревитализациската моќ на спортот да го подобри животот, па затоа БЕКО активно го поддржува спортот во различни гранки, како кошарка и фудбал. Беко помогна во спојувањето на милиони кошаркарски фанови за време на спонзорството на Европското првенство – ФИБА Еуробаскет во 2013 година во Словенија, како и на ФИБА Светското првенство во кошарка кое се одржа во Шпанија во септември 2014 година.

beko2

Најголемата спортска посветеност се случи во јуни 2014 година, кога Беко потпиша глобален договор за спонзорство со фудбалскиот клуб Барселона, со што двата светски познати брендови – Беко и ФК Барселона – се споија во едно партнерство. Повеќе од 60 години Беко го движи идејата за постојан предизвик и развој. Овој бренд има повеќе од 440 милиони потрошувачи во светот и е втор по големина бренд за бела техника во Европа. Присутен е во повеќе од 130 земји во светот. Од Велика Британија до Полска, од Ангола до Сингапур, без разлика од каде се неговите успешни приказни, секоја од нив започнува со инспирација за промена на подобро.

beko3

beko4

beko5

beko6

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.