Младинците испишуваат историја – Втора победа против Русија и борба за 5.место во светот

Успехот на младите македонски ракометари на СП (У21) во Алжир, дефинитивно ќе биде најдобар на мундијалите во историјата на македонскиот ракомет. Во разигрувањето за пласман, македонските ракометари  по втор пат убедливо ја победи Русија со 36-27 и  утре ќе играат за 5.место, а во најлош случај ќе бидат шести во светот што е најдобар пласман што го остварила било која македонска ракометна репрезентација на светските пренства. Најдобриот пласман досега беше седмото место на женската сенироска репрезентација на СП 1997 во Германија.

Во борбата за 5.место, избраниците на селекторот Илија Темелковски утре за противник ќе го имаат победникот од денешниот  дуел меѓу Тунис и Унгарија.

Иако уморни по исцрпувачките два дуели во втората фаза и ослабени без повердените Крстески и Арсеновски, макеоднските репрезентативци сепак, собраа сили и уште еднаш го потврдија својот квалитет и надмоќност против слеекцијата на Русија. „Црвено-жолтите“ мирно го отворија натпреварот, играа сигурно во одбраната и рационално во нападот и уште по првите минути имаа контрола на играта и на резултатот. Со трите гола, Македонија на средината од првиот дел се одлепи на 9-5 и потоа постојано ја зголемуваше предноста. Добро функционираше бековската линија со Филип Кузмановски во преден план кој беше и најефикасен во првиот дел со шест погодоци. Секоја шанса одлично ја користеа и крилните играчи и Милан Лазаревски кој во отстсуво на Филип Арсеновски, сам го изнесе товарор на пикерскаат позиција. Во листата на стрелците се запиша дури и голманот Мартин Томовски со погодокот од гол на гол за 17-9. Доминацијата во нападот и добрата игра во одбраната, на Македонија и донесе убедливи десет гола разлика на полувремето (21-11).

Во ист ритам продолжи и вториот дел. Томовски запиша неколку добри интервенции, Македонија направи нова серија од 4-0 и го зголеми водство на 25-11 за пет минути игра во второто полувреме. Русите усеаја да ублажат негативата намалувајќи на 29-18 на стартот од последната четвртина, а потоа и на 30-20 на десет минути пред крај, но, во ниеден момент не беа посериозна закана за Македонија. Сигурната предност донесе мало опуштање во македонските редови во второто полувреме, сепак победата беше веќе обезбедена. Со конечните 36-27, Македонија ја мина и оваа пречка, ја запиша петата победа и обезбеди натпревар за 5.место на мундијалот.

Филип Кузмановски беше наефикасен во македонскиот состав со седум гола, Давор Палевски и Мартин Велковски постигнаа по шест, а Филип Талекси и Милан Лазаревски додадоа по чeтири. Мартин Томовски го заврши натпреварот со 11 одбрани и со еден постигнат гол.

Утре со почеток во 14 часот, репрезентацијата на Македонија во последниот настап на СП (У21) во Алжир ќе игра против  Тунис или против Унгарија за 5.место на мундијалот.

Се вчитува...