Младинците поразени на втората контрола со Катар

Младинската репрезентација на Македонија претрпе пораз од 25-23 на вториот контролен дуел против селекцијата на Катар што се одигра во Доха. По вчерашниот триумф од 25-24, селекторот Темелковски им даде шанса на сите ракометари да ги покажат своите квалитети, но и да испроба уште неколку тактички варијанти пред почетокот на СП во Алжир.

По првото полувреме резултатот гласеше 13-11 за Катар, а за разлика од првиот меч овојпат Македонија не успеа да направи пресврт во вториот дел, па го загуби овој меч.

Филип Талески со седум гола беше прв стрелец на овој натпревар, пред Димитриоски и Велковски со по три погодоци.

Се вчитува...