Младинците загубија од Шпанија – поразот очекуван, играта разочарувачка

Катастрофален пораз во разочарувачки слабо издание претрпе машката младинска ракометна репрезентација на Македонија во дуелот со Шпанија ( 25-36 ), во четвртото коло на Светското првенство за играчи до 21 година што се одржува во Алжир. Ова е втор пораз во серија за младите македонски ракометари по оној од претходното коло од Тунис. Последната шанса за пласман во втората осминафинална фаза на СП, македонската репрезентација ќе ја бара во последниот натпревар од групната фаза, утре против Бразил.  Според развојот на настаните во групата Ц, по првите две победи и денешниот втор пораз, на Македонија и треба најмалку бод во дуелот со Бразил за влез меѓу првите четири репрезентации во групата што ќе продолжат во осминафиналето.Шпанија е актуелен европски младински шампион и прв фаворит во Групата Ц со максимални четиир победи од четири натпревари. Шпанците ја потврдија фаворитската улога и во денешниот дуел преземајќи ја контролата врз играта и резултатот уште по првиот напад. На спротивната страна, македонските ракометари како да беа однапред помирени со поразот и одиграа далеку под своето ниво, но и под она што го прикажаа на првиот натпревар против Русија. Колку и да беше поразот очекуван, играта на „црвено-жолтите“ беше крајно разочарувачка. Со премногу загубени топки, со долги тешки напади без изградено решение и со млака игра во нападот без поголема поддршка од голманите, поразот беше неминовен, а Шпанија две класи подалеку од макеоднските врсници. Веќе по првите пет минути, Шпанија имаше водство од 1-4. Македонските ракометари во наредните минути успеаја да намалат на 4-5, но тука и застанаа. Следуваа грешки и промашувања и лесни погодоци на Шпанците од сите позиции. За 15 минути македонските ракометари постигнаа само два гола, а Шпанија направи недостижна предност. Даниел Душебаев на четири минути пред крај на полуфремето и донесе на својата репрезентација двоцифрена предност со погодокот за 6-16, а набрзо потоа Шпанците стигнаа и до највисоки 11 гола предност (6-17, 7-18). На крајот, го завршија првиот дел со водство од 8-18.Македонските ракометари немаа одговор за шпанската голеада ни на стартот од второто полувреме. Моментални блесоци и понекој убав гол беа премалку за посериозно да се загрози огромната предност на противникот. Во поголемиот дел, Шпанците се држеа на десет гола разлика без поголеми потешкотии го решаваа нападот со прецизни шутеви од бековските позиции или успешни проигрувања на крилните позиции. На почетокот од последната четвртина Македонија намали под -10, со погодокот на Мартин Велковски за 18-27. Но, Шпанците брзо се вратија во ритам и ја задржаа разликата и со резервните играчи на терен. Во последните осум минути од натпреварот влегоа со предност од 20-33 и рутински ја запишаа четвртата победа на мундијалот. Кога веќе се беше одамна решено и македонскиопт селектор во завршните десетина минути им даде шанса на терен на резервните играчи, а неколку играчи од постава ги пресели на клупата.Филип Талески и Филип Кузмановски беа најефикасни во македонскиот состав со по четири гола, по три погодоци постигнаа Марио Танкоски, Мартин Велковски, Мице Шилегов и Давор Палевски. Шпанската репрезентација ја предводеше Даниел Душебаев со седум гола.Утре (19 ч.), македонската репрезентација го игра последниот натпревар од групната фаза против селецијата на Бразил што воедно е и последна шанса за избраниците на селекторот Илија Темелковски да изборат пласман во осминафиналето на СП.

Се вчитува...