Младиот Србин Миле Свилар го урна рекордот на Касилјас во ЛШ

Младиот српски голман Миле Свилар е нов рекордер во историјата на елитното европско натпреварување Лигата на шампионите. Тој го урна рекордот на Икер Касилјас за најмлад голман стартер во ЛШ.

Миле Свилар е син на прославениот српски голман Ратко Свилар, а својот прв настап го има со 18 години, еден месец и 22 дена. Претходниот рекорд имаше важност полни 19 години, а сопственик беше легендарниот голман на Реал Мадрид, кој сега е член на Порто, Икер Касилјас. Тој дебитираше во ЛШ со 18 години, три месеци и 26 дена.

Се вчитува...