Младите фудбалери до 18 години им возвратија на Турците

Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 18 години оствари триумф од 1-0 против соодветната селекција на Турција на вториот пријателски натпревар што се одигра на комплексот „Петар Милошевски“ во Куќата на фудбалот. Стрелец на победничкиот погодок за нашиот тим беше Енис Фазлагиќ во второто полувреме од овој меч.

Избраниците на Добринко Илиевски беа подобар ривал на овој натпревар, создадоа неколку шанси, и успеаја да возвратат за поразот од 2-1 на првиот тест што се одигра пред два дена.

Се вчитува...