Младите и натаму рушат рекорди: Втора најдолга серија без пораз во Европа - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Коментари
23/10/2017 13:15
Останато
22/10/2017 20:35
Останато
22/10/2017 16:31
Фудбал
22/10/2017 16:26

Младите и натаму рушат рекорди: Втора најдолга серија без пораз во Европа

Младите и натаму рушат рекорди: Втора најдолга серија без пораз во Европа

Младата репрезентација на Македонија и натаму руши европски рекорди. Селекцијата до 21 година заедно со Португалија ја има најдолгата серија без пораз на официјални натпревари на Стариот континент.

Репрезентацијата која ја предводи Благоја Милевски нема пораз на 13 натпревари во низа. Фудбалските херои кои го изборија историскиот пласман на Европското првенство во Полска немаат пораз од 11. јуни 2015 година кога во првиот квалификациски натпревар за пласман на ЕУРО 2017 загубија на гостувањето во Исланд. Португалија која играше финале на последното Европско првенство, исто така има двоцифрен број натпревари без пораз. Нашите противници во Б групата од ЕУРО 2017 немаат пораз на последните 19 натпревари.

Под водство на Благоја Милевски селекцијата на Македонија има само еден пораз на 18 натпревари. Победата на последниот меч против Бугарија беше вкупно 11-та за нашата репрезентација под водство на Милевски.

IMG_4576

Нашиот прв противник на Европското првенство во Полска, селекцијата на Шпанија нема пораз на последните девет натпревари.

Македонија на 17. јуни против четирикратниот првак Шпанија го започнува континенталниот шампионат. На 20. јуни играме против Португалија. Првите две пресметки го играме во Гдиња, додека последниот натпревар од групната фаза на 23. јуни го играме против Србија во Бидгошч.

СИТЕ НАТПРЕВАРИ НА МАКЕДОНИЈА ПОД ВОДСТВО НА БЛАГОЈА МИЛЕВСКИ

Квалификациски натпревари: 6 победи / 3 нерешени / 1 пораз

11. јуни 2015.   Исланд – Македонија 3-0

05. септември 2015.   Македонија – Украина 1-0

13. октомври   2015.   Северна Ирска – Македонија 1-2

15. ноември   2015.   Македонија – Франција 2-2

24. март   2016.   Македонија – Исланд 0-0

28. март   2016.   Франција – Македонија 1-1

27. мај   2016.   Украина – Македонија 0-2

02. септември 2016.   Шкотска – Македонија 0-1

06. септември 2016.  Македонија – Северна Ирска 2-0

11. октомври   2016.  Македонија – Шкотска 2-0

Пријателски натпревари: 5 победи / 2 нерешени / 0 порази

13. октомври   2014.   Македонија – Романија 2-1

16. ноември   2014.   Македонија – Црна Гора 1-0

30. март   2015.   Словенија – Македонија 1-1

07. септември 2015.   Македонија – Австралија 3-1

01. јуни   2016.   Македонија – Белорусија 1-1

24. март   2017.   Македонија – Црна Гора 2-0

28. март   2017.   Македонија – Бугарија 1-0

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.