Младите кошаркари, по продолжение, подобри од Албанија

Младата кошаркарска репрезентација на Македонија до 20 години успешно го стартуваше настапот на Европското првенство – Б дивизија, што се одржува во Романија. Младите кошаркари славеа против Албанија во воведниот дуел со 62-54, но дури по продолжение. Иако имаа предност од десет поени на одморот (31-21), третиот период го загубија со 11-20, и се влезе во тотално неизвесна завршница.

Македонија имаше напад за победа, но Маслинко не успеа да погоди. Во продолжението, сепак, Македонија покажа дека е поквалитетна селекција и успеа да извлече триумф. Ги доби дополнителните пет минути со 12-4 и го комплетираше триумфот.

Најдобар поединец во нашиот национален тим беше Дамјан Робев со 25 постигнати поени, а Оливер Двојаковски имаше ефект од 12 поени и 13 скока.

Се вчитува...