Младите подготвени за новиот почеток: Финален тренинг пред Ерменија (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Младата репрезентација на Македонија го одработи финалниот тренинг во Ереван пред утрешниот натпревар со Ерменија, прв за нас во новиот квалификациски циклус за пласман на ЕП 2019 во Италија.

Селекторот Благоја Милевски води нова генерација млади фудбалери желна да го стигне успехот на претходната генерација која не однесе, за првпат во историјата, до настап на Европско првенство.

Стручниот штаб се соочува со мали проблеми пред утрешниот дуел, поради здравствените проблеми на Кулески и Абаз, но и двајцата го одработија вечерашниот тренинг. Колку ќе бидат комплетно подготвени за настап, ќе се знае во текот на утрешниот ден.

Доцна ноќва во Ереван пристигнува и Елиф Елмас кој, без сомнение, ќе биде од огромно значење за тимот на Милевски.

Натпреварот меѓу Ерменија и Македонија се игра утре со почеток од 17 часот на стадионот на Академијата на Фудбалската федерација на Ерменија.

[RoyalSlider Error] Incorrect RoyalSlider ID in shortcode or problem with query.

Се вчитува...