Младите против Австрија, за враќање во живот за ЕП 2019!

Младата репрезентација на Македонија се чини ја брка една од последните шанси за враќање во игра за пласман на Европското првенство 2019 во Италија.

По двата претходни порази од Србија и од Гибралтар, селекцијата на Благоја Милевски денеска од 13 часот на националната арена „Филип Втори“ во Скопје против Австрија во обид за враќање на победите и активната можност за битка за една од првите две позиции во квалификациската група.

„Австрија е добро анализирана, се подготвивме добро и очекувам да одиграме квалитетен натпревар. Мечот со Гибралтар е веќе заборавен, фокусирани сме максимално на новиот предизвик и се надевам дека ќе ја исполниме целта. Австрија има свои квалитети, тоа е повеќе од јасно, но ние сме фокусирани на нашето издание“ – вели селекторот Благоја Милевски пред денешниот дуел.

Во однос на оној претходен натпревар со Гибралтар, Македонија сега ќе биде освежена и со тројца фудбалери од репрезентацијата до 19 години, Елмас, Митровски и Тодороски кои се приклучија дополнително на подготовките на барање на селекторот Милевски.

Од нашата квалификациска група денеска играат уште Ерменија и Србија, со почеток од 12 часот.

Се вчитува...