Младите ракометарки покажаа сила (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Младите македонски ракометарки експресно го оставија зад себе убедливиот пораз од Унгарија, па вечерва против Молдавија го покажаа својот квалитет. Противникот беше далеку од рангот на „црвено-жолтите“, но самодовербата сигурно се зголемува со победи од 19 гола разлика (44-25).

А токму таа самодоверба ќе биде неопходна на утрешниот дуел со Фарските острови, кој ќе биде решавачки за пласман на претстојното Европско првенство за ракометарки до 19 години. Ако се повтори играта како вечерва против Молдавија, билетот за ЕП ќе биде на дофат.

[new_royalslider id=”543″]

Се вчитува...