Младите се 'закон' за старите...Милевски го надмудри Ангеловски - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Фудбал
20/08/2017 18:54
Кошарка
20/08/2017 14:14
Кошарка
19/08/2017 23:06
Кошарка
19/08/2017 22:06

Младите се ‘закон’ за старите…Милевски го надмудри Ангеловски

Младите се ‘закон’ за старите…Милевски го надмудри Ангеловски

Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 21 година, подмладена и проширена, која селекторот Благоја Милевски ја селектира за следниот квалификациски циклус, оствари триумф од 2-1 над А-селекцијата, предводена од Игор Ангеловски. Првиот од двата тест – меча меѓу нашите репрезентативни селекции се одигра на теренот со вештачка трева во Ѓорче Петров, а селекторите имаа можност да ја увидат моментната форма на избраните фудбалери.

mlada-stara reprezentacija-1

Младите покажаа дека се ‘закон’, па дури и овие од новата генерација, а триумфот го заслужија со головите на Петар Петковски во 22.минута и во 31.минута.

Во вториот дел, А-тимот успеа да постигне погодок во 76 минута, преку Душко Трајчевски, како резултат на една добра акција.

duel na reprezentacii-2

Вториот тест меч за двете селекции ќе се одигра за два дена.

А-тим Македонија – У21 Македонија 1-2 (0-2)

Игралиште во Ѓорче Петров. стрелци. Трајчевски (А) – П. Петковски (два).

А – тим: Шишковски, Бејтулаи, Мурати, Велковски, Демири, Дориев, Муслиу, Најденов, Николов, Аврамовски, Ибраими. Уште играа: Ристевски, Тошевски, Маркоски, Трајчевски, Колевски.

У21 – тим: Мујовиќ, Поп Златанов, Симовски, Чешмеџиев, Н’Сомбо, Селмани, Тотре, Елмас, Костов, Костадинов, Петковски. Уште играа: Реџепи, Илиќ, Јанков, Личина, Аломеровиќ, Стојановски, Кривањева, Филиповски, Здравковски, Абдулаху, Крезиќ, Цветановски.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.