Младите Шпанци со супер-тим на ЕП во Полска: Асенсио, Саул, Белерин, Делофеу, Суарез... - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Ракомет
22/09/2017 19:52
Кошарка
22/09/2017 16:07
Фудбал
22/09/2017 11:53
Фудбал
21/09/2017 23:50

Младите Шпанци со супер-тим на ЕП во Полска: Асенсио, Саул, Белерин, Делофеу, Суарез…

Младите Шпанци со супер-тим на ЕП во Полска: Асенсио, Саул, Белерин, Делофеу, Суарез…

Младата фудбалска репрезентација на Шпанија до 21 година, во суперсилен состав ќе настапи на претстојното Европско првенство во Полска, каде ќе игра во група заедно со Македонија. Ривали во групната фаза ќе ни бидат и селекциите на Србија и на Португалија.

Селекторот Алберт Селадес ги повика сите млади ѕвезди на „црвената фурија“, како Марко Асенсио од Реал Мадрид, Саул Нигез од Атлетико Мадрид, Хектор Белерин од Арсенал, Жерар Делофеу од Милан, Денис Суарез од Барселона, Ињаки Вилијамс од Атлетик Билбао…

„Црвената фурија“ ќе биде неверојатно силна на Европското првенство во Полска. На списокот на селекторот Алберт Селадес се најдоа следните имиња:

Голмани: Кепа Аризбалага (Атлетик Билбао), Пау Лопез (Тотенхем), Рубен Бланко (Селта).

Одбрана: Џонатан Кастро (Селта), Јерај Алварез (Атлетик Билбао), Хорхе Мере (Спортинг Хихон), Хесус Валјехо (Ајнтрахт Франкфурт), Алваро Одриозола (Реал Сосиедад), Алекс Грималдо (Бенфика), Хозе Луис Гаја (Валенсија), Хектор Белерин (Арсенал).

Среден ред: Микел Мерино (Борусија Дортмунд), Микел Ојарзабал (Реал Сосиедад), Маркос Љоренте (Алавес), Саул Нигез (Атлетико Мадрид), Карлос Солер (Валенсија), Даниел Себалјос (Бетис), Марко Асенсио (Реал Мадрид), Денис Суарез (Барселона), Жерар Делофеу (Милан).

Напад: Ињаки Вилијамс (Атлетик Билбао), Сандро Рамирез (Малага), Борха Мајорал (Волфсбург).

mladi spanci za EP

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.