Многу музика, руски ритам, Путин, Пеле и Марадона како најава на ждрепката за СП 2018 (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Со многу музика, песна, руски народни танци сервираа домаќините во своето 30-минутно шоу пред ждрепката за Светското првенство 2018 во Русија.

Оригиналниот трофеј од СП на бината го донесе најдобриот стрелец во историјата на светските првенства, Германецот Мирослав Клосе.

На бројните гости, славни поранешни и актуелни светски фудбалски имиња, меѓу кои и најголемите од 20. век – Бразилецот Пеле и Аргентинецот Марадона, им се обрати и претседателот на Русија, Владимир Путин.

„Нашата земја со огромна нестрпливост го очекува почетокот на Мундијалот. Верувам дека ќе организираме настан најдобро што можеме. Неверојатно е чувството да се биде домаќин на најдоброто од светот на фудбалот, но и домаќин на бројни навивачи од целиот свет. Ветуваме вистински спектакл“ – рече Путин во обраќањето пред ждрепката.

[new_royalslider id=”862″]

Се вчитува...