Многу „поромантично“ е во Анталија: Одлични услови за работа за Работнички (ФОТО)

Македонскиот прволигаш Работнички од вчера е во Анталија, каде ќе ја реализира втората фаза од зимските подготовки. „Романтичарите“ ги пречекаа сонце и одлични услови за работа, и јасно е дека за нив во моментов е многу „поромантично“ во турскиот туристички центар.

Шефот на стручниот штаб Виктор Треневски и фудбалерите го одработија првиот тренинг, а наредните денови се очекува да биде реализирана комплетната програма за овој дел од подготовките, заедно и со пријателските натпревари.

antalija prv den 2

antalija prv den 3

antalija prv den 5

Фото: www.fkrabotnicki.com      

Се вчитува...