Моќна видео најава за месецот на фудбалот во Македонија: Сениорите со Шпанија, младите на ЕП!

Јуни е дефинитивно месец за македонскиот фудбал. Најпрво сениорската репрезентација во квалификациите за СП 2018 во Скопје на 11. јуни ја пречекува Шпанија на националната арена, а веднаш потоа комплетното внимание се насочува кон настапот на младата репрезентација на Европското првенство во Полска.

Сето тоа повеќе од доволна причина, ФФМ со прекрасен видео материјал да ги најави националните активности овој месец. Пандев, Трајкоски, Алиоски, Николов, Барди и Аврамовски се промоторите за македонскиот фудбал пред еден од најзначајните настани во нашата фудбалска историја…

„На фудбалскиот спектакл ја покануваме публиката и навивачите да дојдат на националната арена и со овации да ги поздравиме и нашите репрезентативци до 21 година кои во понеделник заминуваат во Полска на Европското првенство. Да ја бодриме македонската репрезентација, навивајте за Македонија“ – повикуваат од ФФМ.

Се вчитува...