Моментот што одлучи: Гачевски и аматерската одбрана на Вардар (ВИДЕО) - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Кошарка
12/12/2017 22:01
Ракомет
12/12/2017 17:39
Ракомет
12/12/2017 11:00
Коментари
11/12/2017 12:49

Моментот што одлучи: Гачевски и аматерската одбрана на Вардар (ВИДЕО)

Моментот што одлучи: Гачевски и аматерската одбрана на Вардар (ВИДЕО)

Вардар беше толку блиску до сензација, а на крајот сепак доживеа елиминација од Копенхаген, откако загуби во Данска со 4-1. Македонскиот првак имаше резултат (2-1) што го носеше во следната рунда на 15 минути до крајот, и играч повеќе на теренот, по исклучувањето на Јан Грегуш во 72.минута. И само три минути подоцна дозволи да направи катастрофална грешка во одбраната, дозволувајќи му на Федерико Сантандер да си постигне лесен гол со удар со глава во петерецот на „црвено-црните“.

Клучниот момент се случи во 75.минута. Идејата на Гоце Седлоски да ја удвои левата страна на ФК Копенхаген со два бека еден пред друг, Брдаровски пред Хамбарџумјан, не даде резултат. Во моментите кога веќе Вардар имаше играч повеќе на теренот, беше дозволено левиот бек Бенгтсон да остане непокриен на својата страна, тој испрати центаршут во петерецот, на кој голманот Гачевски и најтесната одбрана на Вардар реагираа катастрофално.

vardar tret gol - analiza 2

Гачевски несфатливо остана ‘закопан’ во место на првиот дирек, топката го прелета и падна на три метри, на средината од голот, што секако е неприкосновена голманска територија, a стоперот Евгениј Новак ниту реагираше на топката, ниту пак се потруди да го загради Федерико Сантандер, кој непречено со два чекори стигна до вистинската позиција и се ‘поклони’ за 3-1.


Goal Santander Copenhagen 3-1 Vardar by hdlivegoals

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.