Мбапе пред трансфер: ПСЖ дава 150 милиони, Монако бира и еден играч

Килијан Мбапе се наоѓа на чекор до преселба во Пари сен Жермен, откако „светците“ направиле огромен чекор напред во преговорите со Монако.

Весникот „Л’Екип“ повикувајќи се на извори од двата клуба утрово објави дека ПСЖ и Монако конечно пронашле заеднички јазик, а Мбапе е многу близу до трансфер на „Паркот на принцовите“. Поточно, за негова реализација неопходно е само да се исполни еден услов – ПСЖ покрај сумата од 150 милиони евра да испрати во Монако еден од своите фудбалери по желба на тренерот Жардим.

Според „Л’Екип“, на листата на „кнезовите“ се наоѓаат Лукаш Моура, Хавиер Пасторе и Џулијан Дракслер, а на раководството на ПСЖ останува да одлучи од кој од нив тројца ќе се ослободи, воедно и да го натера доколку си замине од Париз, тоа да биде токму во Монако.

Француските медиуми најавуваат дека преговорите ќе се интензивираат во следните два дена, се со цел Мбапе најдоцна до недела и дефинитивно да потпише договор со „светците“.

Се вчитува...