Монако го растури Генгамп и го следи чекорот на ПСЖ

Фудбалерите на Монако го декласираа Генгамп на домашен терен, совладувајќи го со 6-0. Со тоа на најдобар начин му одговорија на лидерот ПСЖ, кој претходно со 0-5 го победи Анже на гости. Монако сега има четири бода негатива во однос на „светците“ на врвот на табелата во францускиот шампионат.

Карилјо го отвори резултатот, а Траоре зголеми на 2-0 во воведниот период од мечот. Кеита Балде го постигна третиот гол за „кнезовите“, а Фабињо од пенал донесе убедливи 4-0 уште на полувремето. Во вториот дел, Карилјо и Траоре постигнаа уште по еден погодок за комплетирање на впечатокот и за огромна победа.

Се вчитува...