Монако не го дава врвот, Фалкао и Мбапе го освоија Лион

Фудбалерите на Монако го оставија ПСЖ неполни 24 часа на врвот на табелата, враќајќи се на првото место откако вечерва триумфираа на тешкото гостување против Лион со 1-2.

Свесни дека не смеат да потклекнат во клучниот дел од сезоната, „кнезовите“ одиграа одлично во првото полувреме, кога со погодоците на Фалкао и на Мбапе стигнаа до предност од 0-2. Лион во второто полувреме намали преку Тусар, кој ја имаше и најубавата шанса за израмнување, кога со глава биеше за малку непрецизно.

Свои шанси во второто полувреме пропуштија и гостите, неколку пати најдобро не се снајде Жерман, Силва ја затресе гредата, но најважно за Монако сепак е што се освоени големи три бода.

„Кнезовите“ имаат ист број бодови како и ПСЖ, но и натпревар помалку, оној на домашен терен против Сент Етјен.

All Goals HD – Olympique Lyonnais 1-2 AS Monaco… by soccerhub365

Се вчитува...