Монако обвинува: „Расипани“ игри околу Мбапе!

Францускиот шампион Монако објави соопштение со кое директно им се обрати на некои од „најсилните европски клубови“. Монако укажува на тоа дека некои од нив се обиделе да контактираат и го договорат 18-годишниот напаѓач Мбапе без дозвола од клубот.

Поради тоа францускиот клуб ќе бара и помош од ФИФА и француската Лига 1, како би се разгледала и дисциплинска постапка за клубовите кои на незаконски начин се обидуваат да го „грабнат“ Мбапе.

Од ФИФА, пак, информираат дека се уште на таа тема не добиле жалба, а Би-би-си пренесува дека Манчестер сити е еден од тимовите на кои се укажува во соопштението.

Инаку, како што е познато, од англиските клубови најзагреан за Мбапе е Арсенал чија понуда од 87 милиони фунти Монако ја одби во јуни. Сега интензивно се спомнува негова преселба во Реал Мадрид.

Како и да е, според многумина околу трансферот на Мбапе, прекршено е правилото на ФИФА во кое јасно стои дека „клубот кој сака да заклучи договор со професионален фудбалер мора писмено најпрво да го извести актуелниот негов клуб, пред влегување во преговори со самиот играч“.

Се вчитува...