Монако одби две понуди за Лемар, Ливерпул не се откажува

Челниците на Монако во изминатите 24 часа одбиле две понуди од Ливерпул за услугите на Томас Лемар, но англискиот премиерлигаш упорно ќе настојува да го доведе талентираниот 21-годишен фудбалер во овој преоден рок.

Француските медиуми објавија дека „кнезовите“ одбиле 65 милиони евра, а доцна синоќа ја отфрлиле и втората понуда од клубот од„Енфилд“, во висина од 73 милиони евра. Ставот на Монако е дека по заминувањето на Мбапе, Лемар треба да остане, но раководството на Ливерпул е убедено дека со „понуда што не се одбива“ ќе успее да го доведе францускиот репрезентативец на „Енфилд“.

Како што јавуваат француските медиуми, клучот би можел да биде во Белгицот Ориги, кој најави заминување од Ливерпул, а се наоѓа на листата со желби на Монако. Се очекува овој напаѓач да биде вклучен во најновата понуда на „црвените“, заедно со 60 милиони евра, опција што според англискиот тим би требало да биде прифатлива за „кнезовите“ од Монте Карло.

Се вчитува...