Монако со четворка го „здрма“ Сент Етјен… (видео)

Монако славеше убедлива победа од 0-4 на гостувањето против Сент Етјен во првиот натпревар од 18. коло во француската Лига 1.

Гостите победата ја најавија уште во 3. минута со погодокот на Сидибе. На 0-2 зголеми Лемар во 32. минута, а Фабињо веќе во 53. минута донесе 0-3. Конечните 0-4 ги постави Кеита со голот во 60. минута од натпреварот.

Овие три бода го зацврстија Монако на втората позицијата на табелата. Сега со 38 бода е на шест бода заостанување зад водечкиот ПСЖ кој има и натпревар помалку, оној утрешниот на гостински терен против Рен.

Се вчитува...