Монако со две нови засилувања

Монако најпрвин ги засили своите редови со Тилеманс од Андерлехт, за новиот француски првак денеска да ги официјализира новите два трансфери.

Имено, нови членови на „кнезовите“ од денеска се голманот на Волфсбург, Диего Беналјо, и крилниот офанзивец на Лион, Жорди Гаспар. Станува збор за две различни засилувања, Беналјо е искусен чувар на мрежата, додека Гаспар е 20-годишен играч кој поседува огромен потенцијал.

Тој минатата сезона одигра три натпревари за првиот тим на Лион, но поради застојот во преговорите за нов договор не доби поголема минутажа. Гаспар доаѓа во Монако како слободен играч, а тренерот Жардим е оптимист дека овој фудбалер експресно би можел да се наметне за место во стартниот тим, особено ако се реализираат најавите за заминување на Лемар.

Се вчитува...