Монако со пресврт до триумф над Тулуз

Монако ја продолжи серијата победи во францускиот шампионат. „Кнезовите“ со пресврт во второто полувреме стигнаа до триумф од 3-1. Прв поведе Тулуз на самиот старт на вториот дел, со голот на Ола Тоивонен во 46.минута. Само три минути подоцна, Глик го израмни резултатот, а Килијан Мбапе со голот во 64.минута донесе целосен пресврт.

Лемар во 75.минута постигна трет погодок за Монако, потврдувајќи ја победата и новите три бода.

All Goals & highlights HD – Monaco 3-1 Toulouse… by lifefootball

Се вчитува...