Мончи и Емери повторно заедно – во Рома

Според информациите од Италија, Рома му нуди тригодишен договор на Унаи Емери и соработка околу трансферите со неговиот пријател од Севилја, Мончи.

Спортскиот директор на Севилја, Рамон Вердехо или попознат како Мончи, денес потврди дека во иднина ќе раководи со Рома. Експертот за трансфери со доаѓањето во италијанската престолнина ќе има влијаните околу ангажманот на нов тренер, а бидејќи Спалети е се’ поблиску до излезната врата, нов стратег на клупата на „волчицата“ може да има побрзо од очекуваното.

Најлогична и реална опција на Мончи ќе биде ангажирањето на Унаи Емери, сегашниот кормилар на ПСЖ. Емери и Мончи соработуваа три години во Севилја, а испишаа историја со трите последователни титули во Лигата на Европа.

Шпанскиот стратег е прва, но не и единствена опција за римјаните, бидејќи Лоран Блан, поранешниот тренер на францускиот шампион ПСЖ е исто така кандидат за тренерското столче на „волчицата“.

Се вчитува...