Монпеље му „украде“ победа на Монако во 92. минута… (видео)

Монако не успеа да дојде до водечката позиција во францускиот шампионат, барем до утрешниот натпревар на ПСЖ против Бордо, откако испушти триумф против Монпеље во првиот натпревар од 8. коло во Лига 1.

Монако ремизираше (1-1) пред своите навивачи со Монпеље, откако дозволи погодок на гостите преку Камара во 92. минута од средбата.

Претходно, домашните дојдоа до предност со погодокот во 38. минута на нивниот најдобар стрелец, Радамел Фалкао.

По ова реми, Монако се израмни на врвот со ПСЖ со по 19 бода, но тимот од Париз утре го чека дуелот со Бордо.

Се вчитува...