Монтела: За директорите апчиња за да се навикнат на негативни резултати

Тренерот на Милан, Винчензо Монтела по вчерашното реми без голови против АЕК во Лигата на Европа, истакна дека има одличен однос со управата, но за разлика од нив, тој може да се носи со порази, а преку шега вели дека на директорите ќе им понуди апчиња, за да се навикнат на негативни резултати.

„Имам одличен однос со управата, но тие треба да се навикнат на порази и негативни резултати. Јас пак, имав и фудбалска кариера, па можам да поднесам и пораз, и реми на домашен терен. За вакви ситуации ќе делам специјални апчиња на директорите направени од мој пријател фармацевт. Нормално дека не сум задоволен со овие 0-0, требаше да победиме, но ни недостасуваше ментална сила. Сите сакаме да го видиме Милан како реди победи, но за такво нешто потребно ни е време да поставиме темели во нашиот стил на игра. Навивачите и управата треба да застанат зад тимот во овие тешки периоди, само заедно ќе го пребродиме ова наше лошо издание“, вели Монтела.

Се вчитува...