Мората го начна Еспањол, а потоа Бејл се врати на теренот и го докрајчи

Реал Мадрид стигна до 16.победа во Примера оваа сезона совладувајќи го Еспањол на „Сантијаго Бернабеу“ со 2-0. Тренерот Зинедин Зидан одлучи да ги одмори Бензема и Модриќ, не играше и Серхио Рамос поради повреда, но „кралевите“ славеа рутински, а го добија назад и Герет Бејл.

Алваро Мората го отвори резултатот со удар со глава во 33.минута, а токму тој му отстапи место на Бејл во 71.минута за да се врати на терените по 88 дена пауза. Велшанецот враќањето го прослави и со погодок, тресејќи ја мрежата на гостите во 83. минута.

Alvaro Morata Goal HD – Real Madrid 1-0… by Foot_VideosGareth Bale Goal HD – Real Madrid 2-0 Espanyol… by Live1Goals

Се вчитува...