Мората од Скопје оди за Манчестер, на потпис со јунајтед

Алваро Мората синоќа пристигна со шпанската репрезентација во Скопје во пресрет на неделниот квалификациски натпревар против националниот тим на Македонија. Се уште е неизвесно дали голгетерот на Реал Мадрид ќе се најде во првиот тим на „црвената фурија“ или предност ќе добие Диего Коста, но Мората едвај ќе го чека крајот на мечот во Скопје, за да отпатува во Аглија и да го комплетира својот трансфер од соништата во Манчестер јунајтед.

Имено, во теекот на вчерашниот ден Мората се договори за личните услови со најтрофејниот англиски клуб, по што Жозе Мурињо и директорите на „црвените ѓаволи“ ги интензивираа преговорите со поранешниот тим на „специјалниот“ околу висината на отштетата.

Првата понуда од 60 милиони евра беше експресно одбиена, Реал инсистираше на 90 милиони евра, за двата клуба во текот на ноќта да се договорат висината на овој трансфер да изнесува 73 милиони евра. Според договорот, Мората веќе в понеделник директно од Скопје ќе лета за Англија, каде по лекарските прегледи и официјално ќе го потпише својот петгодишен договор со „ѓаволите“ од Манчестер.

Со тоа, шпанскиот голгетер ќе стане предводник на нападот на Јунајтед за наредната сезона, откако не му беше продолжен договорот на Златан Ибрахимовиќ, а во меѓувреме пропаднаа и обидите за ангажман на Антоан Гризман од Атлетико Мадрид.

Се вчитува...