Мората потпиша: Сакам да освојам што повеќе трофеи со Челси

Алваро Мората и официјално од денеска е нов член на Челси, откако шпанскиот голгетер го стави својот потпис на петгодишниот договор со англискиот првак. Откако не успеа да дојде до Ромелу Лукаку, Антонио Конте сепак доведе врвен голгетер на „Стемфорд бриџ“, ангажирајќи го асот на Реал Мадрид кој претходно со голем успех настапуваше и за Јувентус.

Силен, брз и тактички талентиран, може да ја предводи линијата или да ги проигрува соиграчите. Мората со своето движење во и надвор од шеснаесетникот е константна закана за противничките дефанзивци“ – го опишаа во Челси своето ново засилување во информацијата за потписот на договорот.

Како што е познато, англискиот шампион ќе плати 80 милиони евра за ангажманот на овој фудбалер, додека Мората во Лондон ќе има плата од осум милиони евра по сезона, во следните пет години.

Пресреќен сум што сум овде. Извонредно ечувството да се биде дел од овој голем клуб, едвај чекам да работам напорно, да постигнам што повеќе голови и да освојам што повеќе трофеи со Челси“ – изјави Мората по потписот на договорот.

Шпанецот вечерва заминува за Азија, каде ќе им се приклучи на своите нови соиграчи на турнејата на Далечниот Исток.

Се вчитува...