Мото ГП: Вињалес најбрз на стартот на сезоната во Катар

Шпанецот Маверик Вињалес е победник на првата трка од новата сезона во Мото ГП, која се одржа во Катар. Тоа е прв триумф за Вињалес на Јамаха, кој успеа да мине прв низ целта пред Андреа Довисиозо и Валентино Роси.

Трката стартуваше со 45 минути одложување поради силен дожд, но потоа понуди многу возбуда. На четвртата позиција стигна Марк Маркез, а петтото место му припадна на Дани Педроса. Шестопласиран е Алеш Есперарго, кој на Асприлија и го донесе најдобриот пласман по враќањето во „кралската класа“.

Маверик Вињалес успеа да дојде на првото место минувајќи го Довисиозо на седум круга пред крајот, и тоа беше пресудно за да стигне до првиот триумф во новата сезона.

Се вчитува...