Мотокрос селекцијата повторно на подиумот, и во Србија - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Фудбал
28/05/2017 18:29
Ракомет
28/05/2017 14:54
Ракомет
28/05/2017 11:41
Ракомет
28/05/2017 0:45

Мотокрос селекцијата повторно на подиумот, и во Србија

Шестчлената македонска мотокрос
репрезентација постигна одличен резултат на натпреварот од отворениот
Источно-Европски шампионат во мотокрос кој се одржа
изминатиов викенд на
патеката Глобаре крај Крушевац, Србија. Претставниците на Мотоциклистичката
федерација на Македонија (МФМ) на крајот се закитија со пехарот за трето место
во екипна конкуренција, веднаш зад победникот Бугарија и домаќинот Србија.

 

Кај најмладите во класата МХ65, 9-годишниот
Лука Ристевски го освои 10
. место со 23 бодови
со кои се проби на 12
. место во конечниот
пласман за Европскиот шампионат во конкуренција од 33 натпревувачи. После
пет
од предвидени
осум натпревари тој е на 11.
место во отворениот Источно-Европски шампионат.

 

Во класата МХ85 имавме двајца наши учесници.
Андријан Ристевски и Христиан Станковиќ повторно имаа меѓусебни дуели и на
крајот завршија на 9
., односно 10.
место. Во конечниот пласман за Европскиот шампионат во конкуренција од 32
натпревувачи, Станковиќ е 12., а Ристевски е 13.

 

Во класата МХ2 јуниор свое деби на
меѓународна сцена имаше Денко Манчевски кој на крајот заврши како
десетти.

 

Нашиот моментално најдобар мотокрос
натпреварувач Гоце Томовски го освои 9
. место во најсилната
класа МХ1. Тој е моментално најдобропласиран македонски натпреварувач во
генералниот пласман за отворениот Источно-Европски шампионат и се наоѓа на 7
место.

 

Ветеранот Борче Костов настапи во класата МХ
над 40 години и на крајот беше 7. со 27 бодови.

 

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.