„Мотори.мк“ со хумана акција прослави 10 години од своето постоење (ФОТО)

Изминатиов викенд мото порталот „www.motori.com.mk“ прослави 10 години свое постоење со хуманитарна акција во која се собираа средства за набавка на протеза за моторциклистот Ивица од Куманово, кој пред два месеца остана без едната нога, во сообраќајна несреќа при судир на мотор и џип.

И топлото време во Скопје не ги поколеба моторџиите кои во голем број дојдоа на хуманиот настан.

motori 2

Повеќе од 200 моторџии од Скопје, Куманово, Свети Николе, Велес, Прилеп, Битола, Радовиш, Македонски Брод, Кичево па дури и од Србија учествуваа во акцијата во која се собраа повеќе од 1000 евра за Ивица.

motori 3

Моторџиите повторно покажаа дека се хумани луѓе, а сопственикот на ресторанот „Калабалак“ даде своја донација. Придонесе во хуманата акција имаа и вработените во Калабалак кои се откажаа од дневниците донирајќи ги за Ивица!

Се вчитува...