Можат ли „соколите“ да го прелетаат и шампионот?

Карпош соколи ќе се обиде да ја продолжи фантастичната серија од осум домашни победи во АБА-лигата и на денешната пресметка со Црвена звезда. Јасно е дека предизвикот е поголем од сите претходни, впрочем македонскиот претставник ќе го пречека актуелниот првак и тимот што гази гиганти во Евролигата, но „соколите“ се оптимисти дека со добра игра би можеле да земат уште еден скалп на фаворит во регионалното натпреварување.

За силата на противникот доволно говори фактот што на четири кола пред крајот и теоретски го обезбеди првото место на табелата. Тиа е голем тим со одличен тренер, кој има кош-разлика каква што ретко кој имал во оваа лига досега. Одбраната е нивно најсилно оружје, тоа е елемент во кој се најдобри не само во АБА, туку и пошироко“ – изјави тренерот Драган Николиќ.

Во прилог на македонската екипа одат проблемите со кои „црвено-белите“ се соочуваат во пресрет на ова гостување, на кое тренерот Радоњиќ нема да може да смета на повредените Дангубиќ и Бјелица. Иако се актуелни шампиони, кошаркарите на Црвена звезда со огромен респект гледаат на Карпош соколи, особено поради фактот дека македонскиот тим нема загубено меч во Скопје од 31 октомври, кога по продолженија капитулираше од Унион Олимпија (меч по кој отказ доби тогашниот тренер Синиша Матиќ).

Самиот факт дека Карпош соколи толку долго е без пораз дома е јасен предзнак дека пред нас е тешка средба. Свесни сме за квалитетот и за амбициите на противникот, наша цел е да го дадеме максимумот, да одиграме на високо ниво, и секако – да дојдеме до победата“ – изјави Бранко Лазиќ.

ПОСЛЕДНИ ДОМАШНИ СРЕДБИ НА КАРПОШ СОКОЛИ

Карпош соколи – Будуќност        77-71

Карпош соколи – Цедевита         89-81

Карпош соколи – Мега лекс        75-72

Карпош соколи – Крка                   83-56

Карпош соколи – Морнар             75-63

Карпош соколи – Цибона              76-70

Карпош соколи – МЗТ Скопје      77-74

Карпош соколи – ФМП                   88-81 (по прод.)

Се вчитува...