Може и без Дурант: Голден стејт во дербито потврди дека е најдобар на Западот!

Изминатава ноќ се одигра мечот меѓу двете моментално најдобри екипи во Западната конференција од НБА лигата. Голден стејт на гостински терен славеше против Хјустон со 114-124, на тој начин потврдувајќи дека во овој момент а најдобрата екипа на Западот.

Кај Вориорси не беше во тимот Кевин Дурант додека кај Рокетси недостасуваше Џејмс Харден. Па, во таа констелација на силите подобро се снајде актуелниот НБА шампион.

Мечот беше одбележан од рамноправна битка во првите три период, за да во финишот на третата четвртина Голден стејт со серија од 10-0 успее да стигне до пресврт, од 90-83 (-7) до 90-93. Со овој резултат се влезе во последната четвртина, па потоа искусната екипа на Голден стејт знаеше како сето тоа добро да го валоризира за конечна победа.

Во победничката екипа поентерски најмногу се истакнаа Стеф Кари со 29 поени и Клеј Томпсон со 28 поени, но играч на мечот сепак беше Грин со „трипл-дабл“ од 17 поени, 10 асистенции и 14 скока.

Гордон со 30 поени го предводеше Хјустон, а одличен беше и Пол со 28 постигнати поени.

Голден стејт остана водечка екипа на Западот сега со скор од 31-8, додека Хјустон е втор со скор од 27-10.

Се вчитува...