Може ли Швед да ја реши и Грција?

Русија охрабрена по фантастичната игра и големата победа над Хрватска сега полна со самодоверба ќе влезе во пресметката со селекцијата на Грција (17.45ч), која ќе го даде третиот полуфиналист на Евробаскет 2017. Јасно е дека главната одговорност повторно ќе падне врз Алексеј Швед, извонредниот плејмејкер кој цело првенство е прв играч на „зборнаја“ со просек од 23,7 поени и 6,7 асистенции по натпревар. Тој беше феноменален против Хрватска реализирајќи 27 поени и 12 асистенции, а ќе мора да биде на слично ниво и попладнево ако сака Русија да се вмеша во битката за медали.

Сите сакаме медал. На последните два шампионати не ја минавме групата, што е дополнителна мотивација за нас. Ја почитуваме Грција, знаеме дека нема да биде лесно, но добро трениравме и се чувствуваме подготвени. Ќе биде интересен натпревар, ќе видиме кој ќе се радува на крајот“ – истакна Швед во пресрет на денешниот дуел.

Слично како Русија, и селекцијата на Грција својот најдобар меч досега на шампионатот го одигра во осминафиналето, декласирајќи го големиот фаворит Литванија. Тој триумф значително ја подобри атмосферата во таборот на Грците, кои претрпеа три порази во групната фаза (од Финска, Франција и од Словенија), но се чини одлично ја темпираа формата за клучниот дел од шампионатот.

За разлика од претходните големи натпреварувања, овојпат главен квалитет на грчкиот состав е играта во напад, па така нашиот јужен сосед во просек постигнува по 83 пони со фантастични 41% од шут за тројка.

Се вчитува...