Мукаетов: Ракометот ја промовира Македонија

ЕКИПА на ЕП во Хрватска,

Билјана Б. Петрушева, Стеван Цаневски, Игор Паневски

 

Претседателот на Ракометната Федерација на Македонија, Живко Мукаетов, имаше свое обраќање на форумот во Загреб на тема „Спортот како економски стимуланс“, на кој меѓу гостите беше и првиот човек на УЕФА, Александар Чеферин. Тој посочи дека приоритет на РФМ е да се овозможи ракометарите од младите категории да се натпреваруваат бесплатно (проект што целосно е реализиран), изрази задоволство од растот на реномето на ракометот, посочувајќи дека спортот е идеален за уште поголема афирмација на нашата земја.

„Ние сме мала земја од околу два милиони жители, а како најголеми успеси во колективниот спорт би ги издвоил четвртото место на кошаркарите и петтата позиција на ракометарите на европските првенства. Минатата година имавме огромни успеси преку РК Вадар, кој стана европски првак. Како федерација наша цел е сите да играат ракомет, па овозможивме младите категории во Македонија да се натпреваруваат бесплатно. Мое мислење е дека преку ракометот може многу полесно да се афирмира и промовира нашата земја, а со квалитетот на работата дојдовме и до соработка со дел од врвните компании во Македонија, соработувајќи со телекомуникациски компании, банки, осигурителни компании… Се движиме напред, па така со нашите пријатели од Словенија и од Црна Гора настапуваме заеднички за да добиеме организација на големи меѓународни спортски настани“ – изјави Мукаетеов.

 

Се вчитува...