Мур повторно победи, Паже падна во драматичното финале - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Ракомет
26/02/2017 19:03
Ракомет
26/02/2017 17:02
Фудбал
26/02/2017 16:24
Фудбал
26/02/2017 15:59

Мур повторно победи, Паже падна во драматичното финале

Мур повторно победи, Паже падна во драматичното финале

Австралиецот Клинтон Мур стигна до втората победа во низа за 2015 година во светското првенство на Red Bull X-Fighters со епска победа против Французинот Томас Паже изборена пред десетилјадната публика во Атина. Мур кој исто така победи на отворањето на сезоната во Мексико Сити, го оствари сонот на летната ноќ со возењето на најголемата патека во сезоната лоцирана среде рудник за бел мермер.

Во финалето кое што ја остави публиката без здив и ќе биде запаметено со векови, Мур беше апсолутно безгрешен на огромната патека во Атина вгнездена во рудникот за мермер Дионисос, со луди изведби на фигури што му помогна да го совлада шампионот од 2013 година, Томас Паже. Мур ја доведе публиката до лудило со брилијантно извршување на најспектакуларните трикови како што се „Bundy“ „The Flair“ и „Volt“, при што беше првиот возач кој го извел последниот трик со слетување без да го држи воланот.

Австралиецот Роб Аделберг го освои третото место во трката на најголемата патека оваа сезона, додека Французинот Давид Риналдо го направи најдобриот пласман во кариерата со финишот на четвртото место во фантастичната ноќ пред френетичната публика во Атина. Ланскиот шампион Џош Шихан го имаше својот прв настап во 2015 година и го освои петтото место.

„Чувствував голем стрес пред овој настан и имаше голем притисок врз мене околу доаѓањето во Атина. Успеав да се справам со тоа и да ги изведам најдобрите трикови коишто сакав да ги направам. Повторно победив, пресреќен сум, а ова е највчудоневидувачката патека што сум ја видел“, – рече Мур, за кого што победата во Мексико воедно беше и прв случај да се пласира подалеку од четвртфиналето.

red bull 2

Паже беше исто така исклучителен и креативен во неговиот последен настап доведувајќи ја до совршенство изведбата на „Flair“ во верзијата наречена „Alley-oop“, во која прави двојно странично завртување во воздух, трик што за првпат е изведен на ова натпреварување. Меѓутоа, нешто не му појде од рака во изведбата на неговиот препознатлив трик „Bike flip“ во којшто го ротира моторот под себе, па мораше да се откаже додека беше во воздух, паѓајќи во белиот мермерен прав. Повторно се качи на моторот и го заврши својот настап со изведување на уште некој трик, но тоа не беше доволно за да го победи Мур.

По Мексико Сити и Атина, светското првенство на Red Bull X-Fighters се сели во Мадрид, кадешто на 10 јули ќе се одржи третата трка од годинешниов календар. Потоа ќе следи Преторија во Јужна Афика на 12 септември, а финалето на најпрестижната светска серија во мотокрос слободен стил ќе се одржи во Обединетите Арапски Емирати на 30 октомври.

red bull 3

Резултати: 1. Клинтон Мур (Австралија), 2. Томас Паже (Франција), 3. Роб Аделберг (Австралија), 4. Давид Риналдо (Франција), 5. Џош Шихан (Австралија), 6. Дани Торес (Шпанија), 7. Адам Џонс (САД), 8. Ливај Шервуд (Нов Зеланд), 9. Реми Бизар (Франција), 10. Хавиер Вилегас (Чиле), 11. Ник Франклин (Нов Зеланд), 12. Крис Мејер (Шпанија)

Табела: 1. Мур 100 поени, 2.Паже 80 поени, 3. Шервуд 80 поени, 4. Аделберг 65 поени, 5. Риналдо 55 поени, 6. Торес 55 поени, 7. Бизар 45 поени, 8. Шихан 45 поени, 9. Џоунс 35 поени, 10. Вилегас 30 поени

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.