Мурињо доби своја улица во Сетубал

Ако се реши да тргне во политика и локални избори, Жозе Мурињо без проблеми би станал Градоначалник на Сетубал. Португалскиот стратег важи за една од иконите на овој град, па властите на Сетубал донесоа одлука да именуваат една улица токму по Жозе, па „Руа да Саута“ отсега ќе го носи името „Авенида Жозе Мурињо“.

Тој ја искористи паузата поради репрезентативните настапи на фудбалерите за самиот да отпатува за Португалија и да присуствува на церемонијата.

„Сетубал е единствениот град каде се уште се чувствувам исто како и пред дваесетина години. Тоа чувство е прекрасно“ – изјави Мурињо.

Се вчитува...