Мурињо: Добро се браневме, а кога грешевме, тука беше Де Хеа

Манчестер јунајтед со „паркиран автобус“ успеа да извлече реми без голови на гости против Севилја во првиот осминафинален натпревар од Лигата на шампионите. Шпанскиот тим комплетно доминираше и изгради неколку стопроцентни шанси за гол, но Давид де Хеа правеше чуда на голот на „црвените ѓаволи“.

По мечот, Жозе Мурињо, во свој стил се обиде да објасни дека сепак резултатот е најважен.

„Задоволни сме од резултатот, сега ќе играме пред нашите гледачи на „Олд трафорд“ и имаме реални шанси за пласман во четвртфиналето. Тоа би бил огромен чекор за нас. На овој меч, добро се браневме, а и кога грешевме, тука секогаш беше Давид де Хеа да ги исправи грешките на соиграчите. Во раната фаза од натпреварот повреда заработи Херера, на негово место влезе Погба и добро ја заврши работата. Задоволен сум и од Матиќ и МекТоминај, и од сите фудбалери кои настапија. Ако некој мисли дека во модерниот фудбал не е најважен резултатот, тогаш тоа е негов проблем“, изјави Жозе Мурињо по вечерашното реми против Севилја.

Се вчитува...