Мурињо: Доколку Руни сака, може да си оди од Манчестер јунајтед…

Напаѓачот на Манчестер јунајтед, Вејн Руни во последниот период се почесто е поврзуван со заминување од тимот од „Олд трафорд“, а кинеските клубови будно ја следат целата ситуација. Стратегот на „ѓаволите“, Жозе Мурињо истакна дека доколку Руни сака да си замине од тимот, нема да постои никаква пречка за тоа.

„Се останува на него. Не сакам да критикувам никого, кој ќе реши да замине во Кина. Тоа е негов живот. Парите таму со огромни, а искуството може да биде интересно. Руни може уште многу да даде за Манчестер јунајтед, не негова е одлуката дали ќе остане во тимот или не. Може ли некој да го критикува ако одлучи да оди? Или пак Златан Ибрахимовиќ, после таква кариера…“ – истакна Мурињо.

Англискиот напаѓач настапува за Манчестер јунајтед од својата 19-та година, кога дојде од редовите на Евертон и долго години беше ’главна виолина’ на тимот. Но во последните две сезони тој не игра на посакуваното ниво и негово заминување од тимот е се поизвесно.

Се вчитува...