Мурињо имал стратегија и за младиот голман на Бенфика

Екипата на Манчестер јунајтед вчера замина со три бода од Лисабон, против португалскиот шампион Бенфика извлече минимални 1-0, а до погодокот стигнаа по грешката на голманот на Бенфика, Миле Свилар. Нема сомнение дека голот беше регуларен, а португалскиот стратег по мечот истакна дека имал стратегија за најмладиот голман во ЛШ, знаејќи дека е млад и неискусен.

„Си дозволив да направам и стратегија против Свилар. Тој е многу добар голман за негови години, дури и одличен, но, исто така е и неискусен, па ја искористивме таа ситуација. Знаев дека ќе биде под притисок кога пред него ќе застанат неколку играчи, особено при прекини. Тој е голман што ризикува во такви ситуации, а само најдобрите чувари на мрежата ризикуваат како него. Тоа неискуство ќе го прероди со ваквите грешки, Миле е исклучително голем талент, за кого во иднина ќе се нудат огромни суми“, истакна „специјалниот“.

18-годишниот Белгиец со српско потекло своето деби во Лигата на шампиони наместо да го памети по добро, ќе го памети по тоа што им подари три бода на „ѓаволите“. Свилар исто така стана најмладиот голман во историјата Лигата на шампиони, со 18 години и еден месец го руши  19- годишниот стар рекорд на легендарниот голман на Реал Мадрид, Икер Касилјас.

https://www.youtube.com/watch?v=vUcNGyTPgiw

Се вчитува...