Мурињо: Не го пуштаат Пандев? Приватните авиони денес прават чуда…

Во Македонија ќе се одржува Суперкупот на Европа, а амбасадорот на овој меганастан, Горан Пандев, нема дозвола од тренерот Јуриќ од Џенова да пристигне во Скопје и да присуствува на натпреварот. Ова го искоментира и менаџерот на Манчестер јунајтед, Жозе Мурињо, кој му беше тренер на Пандев во Интер, и заедно ја освоија Лигата на шампионите.

„Не би сакал да коментирам постапки на колеги, тоа е против моите принципи. Но, од друга страна Горан Пандев е веројатно најголемиот фудбалер во историјата на Македонија, а ова е многу значаен настан за државата. Горан Пандев не го пуштаат да дојде? Можам да кажам дека првиатните авиони во денешно време прават чуда. Може да дојде на натпреварот и да се врати за неколку часа во Италија. Сепак, не би сакал да се мешам во внатрешните работи на друг клуб“, изјави Жозе Мурињо за ставот на Џенова да не го ослободи Горан Пандев за Суперкупот на Европа, иако е именуван за амбасадор на ова натпреварување.

Се вчитува...