Мурињо не сака сребро – го подари медалот на навивачите (видео)

Жозе Мурињо како роден победник не сака да губи, па затоа не изненадува неговиот потег сребрениот медал од Суперкупот во Скопје да не го задржи за себе. Имено, Португалецот веднаш по церемонијата се упати кон трибината на навивачите на „црвените ѓаволи“ и му го подари својот медал на едно од децата на трибините.

„Јас не чувам ниту дел од златните медали, што ли би им правел на сребрените. Ова одличје мене не би ми значело ништо, но детето ќе го чува цел живот и ќе го памети тој момент засекогаш“ – во свој стил прокоментира „специјалниот“.

Се вчитува...